Трето издание на Охридскиот вински фестивал 

 Со радост и гордост ви го најавуваме веќе традиционалното трето издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL“

Оваа година фестивалот ќе се оддржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти.


На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран  на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.

На фестивалот ќе учествуваат голем број од најпознатите македонски винарии, како и мали семејни винарии, а целата понуда ќе биде збогатена со гурмански деликатеси.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТРОВНИ ЛУЃЕ: Како да ги препознаете и да се заштитите од нив

Во секојдневниот живот среќаваме различни луѓе – некои не инспирираат и поддржуваат, додека други ни …