Трето издание на ГалИцко Фестивал

Денес, во Галичник, ќе започне третото издание на фестивалот кој се организира во чест на Dj Ицко. Подолу се артистите кои ќе настапат на овогодинешното издание на фестивалот.

ГалИцко Фестивал ќе го отвори нашиот најмлад учесник, Марко Филиповски, aka Gianni Filipo. Млад и надежен диџеј кој веќе на само 16 години остварил неколку дебитантски настапи.


Dj Андреа Ковачева. На наше огромно задоволство, оваа година на сцената ни се приклучува млада и убава дама, која веќе заслужено се истакнува како една од најталентираните диџеи во Македонија.

Нашиот драг Dj Tone Deep со софистициран избор и звук ќе се приклучи на екипата диџеи.


Dj Zoran Lephonq Georgiev еден од пионерите на клубската сцена кај нас и Dj Мартин на b2b set.

Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …