Трето издание на Фестивалот на златни пијано таленти


Конечно, победниците настапуваат во живо! Повелете на 3-тиот ФЕСТИВАЛ НА ЗЛАТНИ ПИЈАНО ТАЛЕНТИ во Македонија каде можете да ги слушнете победниците на онлајн Меѓународниот пијано натпревар.

На пијанистите и наставниците ќе им бидат доделени медали, плакети, како и парична награда за лауреатот и најдобриот наставник.


Со 45 пијанисти на сцената, Штип на 13 и 14 септември ќе биде центар на музичката култура. Фестивалот ќе биде неверојатно искуство за сите љубители на музиката.

Ги имаме најдобрите млади пијанисти од Велика Британија, Германија, Малта, Швајцарија, Израел, Полска, Чешка, Италија, Хрватска, Бугарија, Словенија и Македонија.


Настанот ќе се одржи во Галерија “Безистен”во Штип.

Поддржувачи на фестивалот: Општина Штип, ЕАМ, Академија за музика – Универзитет Гоце Делчев, Хотел Парк, ДМУЦ “Сергеј Михајлов”, Рауч, Јана и “Завод и Музеј”-Штип.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на збирката раскази „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од Марина Димитриева Ѓорѓиевска

Денес, во 13 часот, издавачката куќа „Македоника Литера“ ве поканува на промоцијата на збирката раскази …