Трагичен исход – Родителите на 14-годишно момче кое настрадало во забавниот парк во Орландо добиле 310 милиони долари

Родителите на 14-годишно момче од Мисури, кое починало во 2022 година на возење во забавен парк во Орландо, добиле отштета од 310 милиони долари од основачот на атракцијата.
Момчето починало на 24 март 2022 година откако паднало од височина од 21 метар кога решило да проба една од забавните атракции, слободниот пад „Orlando Free Fall“ во Icon Park.
Судењето завршило за еден ден бидејќи на рочиштето не се појавил никој од компанијата одговорна за несреќата, а било одлучено семејството на момчето да добие отштета од 310 милиони долари.
До несреќата дошло бидејќи на седиштата немало сигурносни појаси кои се многу важни како дополнителна безбедносна мерка, а 14-годишното момче кое загинало во оваа несреќа било тешко 172 килограми, а една од причините за несреќата е што појасот, поради неговата големина не го прицврстил како што треба.
Родителите на момчето тврделе дека тој требало да биде предупреден за ризиците ако некој со негова големина оди на ова возење и дека овластената компанија требало да обезбеди соодветен безбедносен систем.
На крајот, по несреќата, овој забавен парк бил потполно затворен и сега е во фаза на уривање.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за …