Традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески

По четиринаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.

Крводарителската акција ќе се реализира денес во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.


Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ од помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 500 единици крв.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …