Традиционален велигденски концерт на „Танец“ вечерва во МОБ


Во пресрет на Велигден, вечерва во 20:00 часот, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, традиционално, со спектакуларен концерт во Националната опера и балет, го одбележува овој верски празник, длабоко вкоренет во македонската духовна и културна дефиниција.

Во програмата се најавени изведби на стилизирани кореографии на ората „Мијачко“, „Поречки игри“, „Кавадарка“, „Преспански игри“, „Драчевка“, како и изведба на „класични“, изворни народни песни од солистите Сузана Спасовска, Драган Николовски, но и машки и женски вокални групи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …