ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Како што и најавив во мојата месечна анализа на времето за август дека очекуваме уште еден голем топол Африкански бран, тоа и се остварува. Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.


Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени.


Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали …