Култната серија “The Simpsons” овој пат ќе вклучи нов лик спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија, информираше Невена Нешкоска која го води детскиот едукативен канал Дарко Биберко.
„Заедно со мојот брат Наум, и со сестра ми Kalina, со која заедно го водиме детскиот едукативен канал Дарко Биберко, ќе бидеме дел од една од новите епизоди на The Simpsons.
Имено, креатороте на The Simpsons одлучиле да внесат лик — спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол.
Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски.
Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20:00 часот EST (2:00 понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија FOX.
Па ајде понеделник рано на сабајле сите да навиваме за нашите Springfield Isotopes!
Благодарност до колешката композиторка Kara Talve која ја овозможи оваа соработка“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Информација за самата епизода можете да најдете тука:
https://m.imdb.com/news/ni65242159/?ref_=nm_nwr_2
https://simpsonswiki.com/wiki/Abe_League_of_Their_Moe
Фото: Принтскрин/IMDb