Пејачката Тијана Дапчевиќ открила дека две нејзини пријателки се повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Две мои другарки се во болница, се борат за живот. Некои од моите колеги од бендот пееја таму. Не можам да најдам неколку мои колеги. Се разбудив и ми се јави сестра ми Тамара. Неверојатна трагедија, не можам да верувам што се случи. Немам што повеќе да ви кажам. Ова е страшно”, изјавила таа за Blic.rs.
Во пожарот загинале 51 лице. Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства.
Очевидци велат дека имало само еден излез, а пожарот брзо се проширил. Според сведоштвата на присутните, пиротехниката ја запалила украсната завеса поставена на покривот, а потоа и целата покривна конструкција.
Медиумите во Македонија неофицијално дознаваат дека објектот лоциран во куќата имал дозвола за вршење на оваа активност.

Тијана Дапчевиќ за трагедијата во Кочани: „Мои другарки се во болница и се борат за живот“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.