Отворена и искрена комуникација…
Родителите го сакаат најдоброто за своите деца.
Воспитувањето дете воопшто не е едноставна задача, а брзиот развој на технологијата не го олесни. Родителите го сакаат најдоброто за своите деца и се трудат да им овозможат еден ден да бидат успешни и среќни возрасни луѓе.
Како што објаснуваат психолозите од Харвард, секој развива свои методи за родителство во дигиталната ера, а понекогаш фокусот на стиловите на воспитување може да ја засени суштината на она на што навистина треба да се фокусираат родителите.
Затоа, психолозите ги проучувале основните принципи на родителството. Тие велат дека многу од нив се сведуваат на тоа да ги научат децата на љубезност и емпатија, пренесува Upworthy.
Еве шест принципи за кои веруваат дека се клучни за воспитување деца:
– Поминување квалитетно време со детето.
– Отворена и искрена комуникација.
– Учење на детето самостојно да решава проблеми.
– Учење како да се справите со негативните емоции.
– Научете да бидете благодарни и да имате емпатија кон другите.
– Поддржете ги сите интереси на детето.
Фото: Архива