Терапија која го намалува ризикот од Ковид за 81,6 отсто


Само една доза од коктелот со антитела го намали ризикот од инфекција со Ковид 19 за 81,6 отсто во период од два до осум месеци по терапијата, соопшти Regeneron Pharmaceuticals Inc.
„Резултатите покажаа дека терапијата со антитела, REGEN-COV, има потенцијал да обезбеди долгорочен имунитет на инфекција со ковид“, рекол Мајрон Коен, кој е специјализиран за терапија со антитела во рамките на мрежата за превенција на Ковид на Американскиот национален институт за здравје.


Ваквиот имунитет е особено важен за лицата со ослабен имунитет и оние кои не реагираат на вакцините, велат од компанијата.
Терапијата претходно покажала намалување на ризикот од 81,4% во текот на првиот месец по примената, додека во текот на осуммесечниот период на проценка, оние кои примиле REGEN-COV немале хоспитализации поради ковид 19, додека 6. случаи биле пријавени во плацебо групата.
REGEN-COV бил одобрен во САД во ноември минатата година за лекување на лица со поблага клиничка слика, но во јули било дозволено да се користи и како превентивен третман за луѓето кои се повеќе изложени на инфекцијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОНТЕ КОЛАЧ: Совршен чоколаден десерт што сите го сакаат, а лесно се прави и со едноставни состојки

Монте колачот е еден од оние докажани десерти на кои секогаш се враќаме. Главните причини …