Дали ова звучи познато?
Има периоди во животот кога многу работи се предизвик за нас. Кога имаме многу работа и стрес, а семејните собири треба да бидат мирно пристаниште.
А потоа по само неколку часа сон, работата ве излудува, а кога конечно ќе се вратите дома, се сопнувате од чевлите што сопругот ги оставил во ходникот, истите кои цела недела го молете да ги остави на своето место.
Дали ова звучи познато?
Да, и не сте единствените. Со ова се соочилаи Шанел Дукан, сертифициран животен планер и ко-основач на „Healthy Minds NYC“, како и советник за брак и семејство.
Таа е и авторка на „Life Starts Now: How to Create the Life You’ve Been Waiting For“ (Животот започнува сега: Како да го создадете животот што го чекавте).
Шанел е омажена и има мал син и знае дека не е секогаш лесно да се фокусирате на пошироката слика на бракот кога доаѓаат стресни времиња.
Сепак, таа се труди некои работи да не ги кажува, а како што вели, не треба ниту вие. Ги има точно шест, затоа послушајте го нејзиниот совет.
1. Никогаш не ги миеш садовите
Тајната да го натерате вашиот сопружник да го прави она што го сакате е да ги избегнувате зборовите „секогаш“ или „никогаш“. Тие зборови изгледаат генерализирани и го отфрлаат секој напор што го вложила другата личност, па наместо тоа, не би било лошо да кажете реченици што ќе покажат како се чувствувате и што би сакале. На пример – би сакала повеќе да ми помогнеш со садовите. На тој начин тој нема да се чувствува нападнат, но го насочува и однесувањето што се надевате да го видите.
2. Мрзлив си
„Штом маж ми се врати дома од работа, ја фрла работната облека до влезната врата. Ме излудува гледањето на фрлени чевли и кошули кои се трупаат по дневната соба. Сигурно сто пати сум го замолила да ја собере својата валкана облека, но се внимавам неговата навика никогаш да не ја припишувам на карактерна мана. Кога негативно го оценуваме карактерот на партнерот надвор од моменталните грешки, влегуваме во опасната зона на презир“.
3. Ти си виновен за се
Кога времињата стануваат тешки или кога се чувствуваме лошо, лесно е да сакаме да ја префрлиме вината. Но, заздравувањето на односите започнува кога ќе преземеме одговорност за кој било дел, голем или мал, со кој ние лично придонесовме за проблемот.
Значи имаме ситуација да сте доцнеле, поради што тој брзал, но и ги заборавил билетите за концертот. Кога не сме подготвени да признаеме дека другата личност не е целосно одговорна за конфликтот, ние го спречуваме помирувањето.