На 2 декември 2023 година (сабота) во Домот на АРМ, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Среќен мртовец“ од авторот Марјан Анѓеловски, а во продукција на Алтернативен Театар Отпишани – Скопје.
„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал.
Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти.
Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.
Улоги: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.
Билетите по цена од 250 денари може да се набават на следниов линк: https://www.kupikartizase.com/Events/sreken_mrtpvec