Театарот од Благоевград гостуваше во Битола

Публиката во Народниот театар – Битола, имаше единствена можност да ужива во импресивната претстава „Метаморфози“, текст по Овидиј, во режија на Стајко Мурџев, продукција на Драматичен театар “Никола Вапцаров” – Благоевград, Р. Бугарија.

Оваа современа интерпретација на класичните митови е спој на прекрасна актерска игра, инспиративна сценографија и длабока емоција која го одразува бескрајното човечко стремење за промена и преосмислување и понуди магично театарско доживување.


„Метаморфози“ е перформанс – компилација од антички митови, која навлегува длабоко во човековата свест и ги истражува неговите најдлабоки чувства. Режисерот е познат по своите иновативни пристапи и длабоки интерпретации, кои секогаш оставаат траен впечаток на сцената. Преку импресивната сценографија на Никола Налбантов, оригиналната музика на Петар Дундаков и експресивната кореографија на Станислав Генадиев, „Метаморфози“ ги презентира универзалните теми на љубовта, смртта и трансформацијата, приспособувајќи ги за модерната публика.
Актерите на публиката и откриваат цела палета на човекови емоции.

Претставата „Метаморфози“ ја доби престижната награда ИКАР 2024, која ја потврдува професионалноста и високото ниво на работа на целиот тим.


По големиот успех во Бугарија, оваа претстава ja започна својата турнеја на меѓународните сцени за да докаже дека магијата на антиката и денес може да биде инспиративна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …