„ТЕ ЉУБАМ” – нова песна од Браво бенд!

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам”.

Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.


Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер.

„Те љубам” е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма” и „Љубав преко мреже”.


„Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже” овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто”, велат момците од Браво бенд, кои освен што се различни кога станува збор за новите песни, такви се и кога се во прашање живите настапи. Свират, што се вели – „од Силвана до Нирвана”, а доказ за тоа се и каверите кои се дел од нивното секојдневие.

Во продолжение слушнете ја песната и, се разбира, погледнете го видеото:


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 6 години без нашиот истакнат романописец и поет Методија Фотев

Методија Фотев е роден во с. Љубојно, Ресенско на 14 март 1932 година. Тој беше …