Тажно заминување – На 39-годишна возраст починал шпанскиот актер Францисо Сан Мартин

Шпанскиот актер Франциско Сан Мартин починал на 39-годишна возраст.
Франциско бил пронајден мртов во својот дом, а според лекарите во Лос Анџелес, тој извршил самоубиство.
Актерката Камила Банус, која глумела со него во серијата „Days of our Lives“, се простила од него со објава на својот Инстаграм профил.
„Што да кажам освен те сакам, почивај во мир пријателе. Те сакам многу, многу, многу. Би сакала повеќе да ти го кажував тоа”, напишала Банус.

Франциско Сан Мартин е роден во 1985 година, а како дете се преселил во САД со своето семејство. Неговата најзабележителна улога е Дарио Хернандез во драмската серија „Days of Our Lives“ која се прикажува од 1965 година. Сан Мартин се појавил во серии кои беа снимени помеѓу 2010 и 2011 година.


Актерската кариера ја започнал во детски театарски продукции, по што се префрлил на манекенството и конечно се посветил на актерството. Неговите други значајни улоги биле во филмот од 2013 година „Behind the Candelabra“, како и во серијата од 2017 година „The Bold and the Beautiful“. Исто така ја играл и улогата на Фабијан Регал дел Сиел во серијата “Jane the Virgin”.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …