Тажна вест: Трајно не напушти Тоше Поп Симонов – еден од творците на македонската поп сцена


Веста дека денес на 63. годишна возраст почина еден од творците на македонската поп сцена, Тоше Поп Симонов, ја шокира музичката јавност но и сите кои го познаваа…
Тоше „измислуваше“ нова музика, нови имиња како Ена Веко, Верица Пандиловска, помагаше на многу македонски музичари да „го фатат правецот“, како „Ристо Бомбата“ на пример…учествуваше во создавање на многу хитови… Треба многу да набројуваме за делото на Тоше – но ќе остане запамтен по својата оригиналност, уникатност, посветеност на музиката…
Почивај во мир Тоше! Можеби таму ќе го најдеш сето тоа што ти недостасуваше (мислиме на музиката и односите во неа на наши простори).


Познатите на свој начин се простуваат од нивниот соработник, пријател, творец…
Филиповски Тошо: Тажна вест за македонската музика…и за македонската култура воопшто. Почивај во мир легендо…Твојот придонес во развојот на македонската музика е немерлив….и ќе го паметиме….и споменуваме. 🙁


„Уште една голема музичка ѕвезда замина од македонската естрада.Човек кој песнотвореше и создаваше преубави песни не само за кај нас туку и за многу балкански уметници.
За тие што не знаат,најубавите песни од Тоше Проески беа негово дело.
Почивај во мир Тоше Поп Симонов“, напиша Robert Vukelikj Wolf.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …