Популарниот американски тиктокер, Дејвид Ален, ја споделил тажната вест дека неговата ќерка Лили починала пет недели по раѓањето.
„Плачев секоја солза што можев да ја исплачам. Не е лесно. Не би го посакал ова никому. Не знам ни што да кажам”, рекол меѓу другото.
View this post on Instagram
Тој додал дека веста за нејзината смрт ја соопштил по седум дена бидејќи едноставно не знаел што да каже. Тој не ја открил причината за нејзината смрт.
„Силно гушнете го вашето малечко за мене“, изјавил тој. Неговите следбеници изразиле сочувство и зборови на поддршка во коментарите.
„Ниту еден родител не треба да го надживее своето дете. Многу ми е жал“, „Не можам да ја опишам болката низ која поминувате ти и жена ти. Ова е исклучително тешко да се слушне“, „Биди силен, твојот ангел нека ве чува“ се некои од нив.
Лили ќе биде погребана денеска во Коливил, Тексас.
Фото: Принтскрин/Instagram