Тажна вест – Починал Сајмон Фишер-Бекер, најпознат по улогата во филмовите „Хари Потер“


Симон Фишер-Бекер, познатиот британски актер, починал на 63-годишна возраст.
Тажната вест ја соопштил неговата агентка Ким Бери, која истакнала дека Сајмон е многу повеќе од клиент – тој и бил близок пријател. Актерот стекнал голема база на обожаватели ширум светот благодарение на неговите улоги во иконите телевизиски серии и филмови, а најпознат е по улогите во серијата „Doctor Who“ и првиот филм „Harry Potter“.
Фишер-Бекер го играше ликот Дориум Малдовар во серијата „Доктор Кој“, која ја толкуваше во текот на петтата и шестата сезона. Покрај тоа, многумина го паметат како духот на Дебелиот монах од „Хари Потер“ и Каменот на Филозофот, првиот филм од оваа популарна серија.


Неговата агентка Ким Бери споделила емотивна порака во која се присетила на моментите со актерот.
„Денес изгубив не само клиент, туку и близок пријател со кој делев 15 години. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го известив дека доби улогата на Дориум во „Доктор Ху“.

Сопругот на Сајмон, Тони Дагдејл, ја споделил тажната вест преку Фејсбук, потврдувајќи дека Сајмон починал денеска.
„Тука е Тони, сопругот на Сајмон. За жал, имам многу тажна вест. Сајмон почина во 14 часот и 50 минути. Ќе го чувам неговиот профил отворен уште некое време, но не сум сигурен дали повеќе ќе објавувам”, напишал Дагдејл.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …