ТАТКОВЦИТЕ се нашите херои кои имаат свој начин на покажување љубов. Нема сомнеж дека ретко им го оддаваме признанието што го заслужуваат за она што го работат.
На татковците често се гледа како на помалку емотивни луѓе, но тоа воопшто не е така, најдобро покажува фотографијата која стана вирална на Твитер.
Корисничката Др. Ајаита објави фотографија од татко кој штити дете од дождот. Маж седи на мотор со кацига на главата, а синот го сокрил под јакната, така што му се гледаат само нозете како висат од моторот.
Dads are underrated!❤️ pic.twitter.com/E3iNV9qVw1
— Dr. Ajayita (@DoctorAjayita) December 13, 2022
„Татковците се потценети“, е описот на сцената која стопи многумина.
Фото: Twitter