– Во организација на скопските коњички клубови „Бравадос“ и „Илинден“ викендов на програмата се 2. коло од отвореното Државно првенство и воведното коло од македонскиот Куп во прескокнување пречки. Програмата започнува в сабота со почеток во 8;30 часот на теренот на „Бравадос“ во Волково, крај Лепенец, се пет натпревари во …
Повеќе »Промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје вечер ќе се одржи промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ, во превод на Никола Кукунеш. Романот „Jазол“ во 2022 година ги добил некои од најпрестижните награди во Србија, наградите „Милош Црњански“ и „Владан Десница“. Романот е во издание на Здружението за …
Повеќе »Почина актерката Емилија Андреева
На 68 годишна возраст, почина актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 година. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска …
Повеќе »Промовирана антологијата „Современи поетски профили“ и поезијата на Мирјана Стојановска во Осиек
– Антологијата „Современи хрватски поетски профили“ објавена во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола која, деновиве беше првично промовирана во Осиек, во рамките на програмата на збратимување на двата града Битола и Осиек. Книгата беше промовирана во амбиенталниот изложбен простор „Тврдина“ во присуство на градоначалникот на …
Повеќе »„Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија
Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено” на грчката режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција меѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, што се одржа на 27 јуни во Атина. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди – за …
Повеќе »„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм
Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави. Како што информираа денеска од продуцентската куќа, кривичната пријава против Петровски …
Повеќе »„Тата“ Мартино на клупата на Интер Мајами
– Американскиот фудбалски прволигаш Интер од Мајами објави синоќа дека го ангажирал аргентинскиот стратег Херардо „Тата“ Мартино за нов тренер. Со назначувањето на тренерската клупа во Интер, 60-годишниот Мартино повторно ќе соработува со својот сонародник Лионел Меси, кого веќе го тренираше во Барселона и во аргентинската репрезентација. Мартино доаѓа во …
Повеќе »Челзи го продаде Хаверц на Арсенал, а Менди на Ал Хилал
– Германскиот 24-годишен репрезентативен напаѓач Каи Хаверц, кој од 2020 година настапуваше за лондонски Челзи, потпиша долгорочен договор со градскиот ривал Арсенал, соопшти синоќа англискиот вицешампион. Арсенал не објави поединости околу временската рамка и финансиските детали од договорот, но британските медиуми наведуваат дека трансферот е во вредност од 65 милиони …
Повеќе »Чешка ги затвори границите за руски спортисти
– Владата во Прага објави синоќа дека им забранува на сите спортисти кои ја претставуваат Русија да настапуваат на натпреварувања на територијата на Чешка. Забраната, како што е соопштено, се однесува на „учество во поединечна и екипна конкуренција на спортисти и екипи кои ја претставуваат Руската Федерација на спортските натпреварувања …
Повеќе »