Tag Archives: култура

Унгарката Енико Есењи годинашен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2023“

Унгарската актерка Енико Есењи е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Актер на Европа – 2023“ на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа.  Фестивалот делува од 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. Фестивалот годинава, ќе го има своето …

Повеќе »

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со околу 300 учесници

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од земјава и гости од Србија и Бугарија ќе учествуваат на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што ќе се одржува утре во Прилеп и в сабота на Рудина, Долнени. Фестивалот речиси пет децении го негува, одржува и го чува богатото …

Повеќе »

Промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје вечер ќе се одржи промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ, во превод на Никола Кукунеш.  Романот „Jазол“ во 2022 година ги добил некои од најпрестижните награди во Србија, наградите „Милош Црњански“ и „Владан Десница“. Романот е во издание на Здружението за …

Повеќе »

Почина актерката Емилија Андреева

На 68 годишна возраст, почина актерката Емилија Андреева. Емилија Андреева дипломира на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977 година. Дел е од ансамблот на Македонски народен театар – Скопје повеќе од 40 години, од 1979 до 2022 година. За време на својата долгогодишна актерска …

Повеќе »

Промовирана антологијата „Современи поетски профили“ и поезијата на Мирјана Стојановска во Осиек

– Антологијата „Современи хрватски поетски профили“ објавена во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола која, деновиве беше првично промовирана во Осиек,  во рамките на програмата на збратимување на двата града Битола и Осиек. Книгата беше промовирана во амбиенталниот изложбен простор „Тврдина“ во присуство на градоначалникот на …

Повеќе »

„Зад стоговите сено” доби десет награди на Грчката филмска академија

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено” на грчката режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција меѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, што се одржа на 27 јуни во Атина. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди – за …

Повеќе »

„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм

Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави. Како што информираа денеска од продуцентската куќа, кривичната пријава против Петровски …

Повеќе »

Концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ во КИЦ

Во Културно информативниот центар во Скопје, Салон 19:19, вечер ќе се одржи концерт на џез триото Кондовски, Дробицки и Омерагиќ.  Како што соопштија од КИЦ, станува збор за неконцептуален современ и слободен џез стил во комбинација на фразирање во стилот на класичната музика и импровизации. Импровизациите создаваат композиции конструирани во …

Повеќе »

Скопскиот дувачки квантет со концерт во Македонскиот културен центар во Загреб

Во Македонскиот културно информативен центар во Загреб, Хрватска, вечер ќе настапи Скопскиот дувачки квантет. На програмата ќе бидат дела од Хајдн, Фаркас, Бизе, Агостини, Г. Смокварски -Тешкото. Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката …

Повеќе »