СЗО:„Пандемијата на коронавирус не е ниту блиску до завршувањето!“


„Сите сакаме ова да заврши. Ние сакаме да продолжиме со нашите животи“, рекол Гебрејесус.
Пандемијата на вирусот корона не е ни приближна до крај, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој пред новинарите изјави дека ова е сурова реалност и дека пандемијата се забрзува, иако многу земји оствариле одреден напредок на глобално ниво.
„Сите сакаме ова да заврши. Ние сакаме да продолжиме со нашите животи. Но, суровата реалност е дека ова не е ни приближно до крајот“, истакнал Тедрос.
СЗО планира да одржи состанок во текот на неделата за да го процени напредокот во областа на истражувањето против „Ковид-19“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Роберт де Ниро, додека ја примал Златната палма во Кан, го прозвал Трамп: „Тој е лицемерен претседател“

Филмскиот фестивал во Кан започна синоќа, а по тој повод Златната палма му беше врачена …