Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 19:00 и 21:00 часот, ќе имате можност да го проследите настапот на светски познатиот стенд – ап комичар Џими Кар.
Џими кажува шеги, а шегите се како магнет. Оваa епизода на црн хумор ќе ги привлече смелите, а одбие кревките. На некои луѓе им е одбивен црниот хумор на Џими. Овој настан не е за нив…
Џими својата популарност ја здоби со неговите четири Нетфликс специјали, а воедно е и првиот британски комичар кој има потпишано договор со овој стриминг гигант. Џими Кар е редовен гостин на некои од најпрестижните британски и амерички телевизиски емисии, како “The Tonight Show”, “The Late, Late Show with James Corden” и “Late Night with Conan O’Brien”.
“The Guardian” го опишува Џими како ,,комичарскиот херој на нашето време”, а тоа го има препознаено и публиката – на неговата последна турнеја “Terribly Funny”, при која одржа распродадени настапи во Белград и Загреб, присуствуваа повеќе од 1.2 милиони посетители во 45 држави, со што Џими станува комичар со најголемата интернационална турнеја некогаш одржана.