Светски гастрономски гуруа доаѓаат во Македонија

Ја имаме честа како почесни гости и стручно жири, да дојдат повеќе великани во светската гастрономија, вистински гастрономски гуруа, од сите страни на земјината топка, од Канада до Русија, од Исланд до Кипар.“, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак.

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет го потврдија учеството на најголемиот кога било одржан кулинарски настан во поширокиот регион, не само во нашата земја. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, годинава ќе се одржи од 25 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со несебична логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …