Свечено отворање на 23-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS

Утревечер во паркот зад Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:30 часот, со македонската премиера на филмот: “EFTERKLANG: MAKEDONIUM BAND” во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ Скопје, Росфорт и Румракет од Данска, свечено ќе биде отворено 23-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS. Фестивалот ќе се одржи од 11 до 17 јули 2024 година.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023, претставува шармантен увид во дарежливата и културна размена која премостува граници, меѓу македонскиот музички свет и данскиот бенд Ефтеркланг. Идејата на ова комично и себеспознавачко патешествие е со цел составување на мега ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум”, во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Бендот е сочинет од 22 музичари, од кои покрај данскиот состав Efterklang членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, како и истакнатите музичари Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.


Фантастичните 2 распродадени проекции на најголемиот фестивал за документарен филм CPH:Dox во Копенхаген, Данска беа уште поголема мотивација да успееме во намерата и покрај прикажувањето на самиот филм, да го одржиме и концертот на целосниот состав на Efterklang: Makedonium Band веднаш по проекцијата!

По концертот, ќе можете да се забавувате на диџеј сетот на Fitz from Earth или диџеј STROGO POP до раните утрински часови!


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Какво време не очекува денес и утре

Метео прогноза на Славчо Попоски: Денес, како и утре (понеделник) во Македонија очекуваме постабилна атмосфера, …