Традиционална дружба и оваа година по повод Денот на Охридско Езеро. Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец. Со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна.
Петок 21.06 oд 9.00 часот овој ден ќе биде одбележан на еден симболичен начин со Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак.
Се тргнува од плажата Канео со СУП и кајак, се весла и се чисти до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак.
Се гледаме за чисто езеро!