СУДОТ РЕШИЛ: Бред извојува победа вредна 350 милиони долари – Приговорите на Анџелина не се релевантни!

Анџелина Џоли ја загуби правната битка со Бред Пит

Актерката Анџелина Џоли доживеа нов пораз во правната битка со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит. Во овој случај се работи за борба за сопственост на нивната винарија која се наоѓа во Франција.


Судот во Лос Анџелес одлучил дека Анџелина мора да ги достави сите договори за тајност што ги склучила со трети страни во период од осум години од 2014 до 2022 година, и ги отфрлил нејзините приговори како ирелевантни.

https://www.instagram.com/p/C2XkmV-N0gc/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==


Договорите за необјавување станаа клучно прашање во спорот за успешната винарија Шато Миравал, лоцирана во Прованса во јужна Франција.
Анџелина тврди дека се откажала од продажбата на својот удел на Бред откако тој побарал од неа да потпише „неразумен“ договор за тајност. Како одговор на тоа тврдење, адвокатите на Бред велат дека Анџелина ги користи таквите договори како оружје и дека за време на нивните преговори за развод барала од Бред да потпише сличен договор.

Поранешниот војник на британските специјални сили Тони Веб работел за семејството повеќе од 20 години и тврди дека Анџелина користи договори за необјавување за да ги замолчи вработените кои работеле за нив како обезбедување. Поради тие договори, тие не би можеле да сведочат за тоа што всушност се случило зад затворени врати, а Анџелина во оваа тужба изјавила дека Бред користел слична тактика на замолчување со договори против неа, истакнува Тони.


Фото: Принтскрин: Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …