СТУДЕН БРАН ОД СЕВЕР: Се очекува врнежите од дожд да преминат во снег, со што ќе има појава и на мраз!

Врнежите кои повторно ќе започнат од следните часови во Македонија, и тоа поради продорот на уште постуден воздух од север, ќе преминуваат во снег и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места низ Македонија, информира Попоски.

Провејување на снег ќе има понекаде и во градовите, особено во западните и во северозападните предели. На повисоките места и планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде може таа да биде и поголема.


Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Во Скопје и околината провејување на снег се очекува на околните планини, како и во повисоките предели од котлината. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.


НАПОМЕНА: Поради ниските температури кои се очекуваат, се очекува појава на мраз, што значи возачите особено доколку се движат кон планинските превои и Скијачките центри да бидат крајно внимателни.
Во петок, како и за време на викендот ќе имаме релативно стабилно и суво време, што значи дека ќе одмориме од многу променливото време и врнежите, но наутро ќе биде уште постудено и температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи дека ќе имаме појава на мраз.

Најстудено преку ден ќе биде во петок и тоа со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во деновите од викендот ќе биде малку потопло преку ден, но и понатаму со негативни температури наутро.


Извор: Метеоаларм.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 22.02.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Типични претставници на Овен имаат одличен работен ден пред нив. Со добра организација …