Стота изведба на „Стјуардеси“ во Театар Комедија


„Стјуардеси” премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 32.000 посетители.
На сцената на Театар Комедија вечерва од 20 часот ќе се одигра 100. изведба на претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети. „Стјуардеси” премиерно беше изведена на 6. декември 2013. година и од тогаш претставата ја виделе над 32.000 посетители.
Пиесата-класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив Боинг-Боинг е влезенa во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.
„За претставата ’Стјуардеси’ ќе издвоиме дека е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014. година, актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино во истата година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер, а веќе следната година претставата на истата манифестација ’Златна Бумара’ го доби признанието за претстава на годината.
На јубилејната, веќе распродадена изведба на „Стјуардеси“ публиката, ќе ги види маестралните изведби на Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска“, информираат од Театар Комедија.
Претставата „Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, кој како хитмејкер, по „Вардарски пастуви“, на сцената на Театар Комедија ја подготвува својата трета премиера предвидена за декември, со наслов „Жена ми се вика Борис“, од францускиот драматург Рафи Шарт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечер посветена на Коле Манев во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија утревечер ќе биде местото каде што љубителите на филмската уметност ќе имаат …