A5 Magazine Catalogue Mockup

Стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова е книга за месец декември

Кампањата Читаме Современи Македонски Автори на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, за 2024 година се заокружува со поезијата и со автентичните стихови на Ана Голејшка Џикова од нејзината книга „Слобода А“, во издание на ПНВ Публикации.

Како калеидоскопски слики пред нас минуваат песните во кои можеме да ја видиме Ана како бунтовничка, млада љубовничка, да посведочиме како љубовта создава живот, како тој живот расте, се раѓа и станува живот сам за себе, независен, а сепак, зависен и сврзан. Истовремено исполнета со љубов и страв од неизвесност, погодена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати: живот во пандемија, под влијание на пропаганди и општа хистерија, притисоци што повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа што единствено може да живее од и за слободата“ пишува во поговорот Снежана Стојчевска.


Во рамки на кампањата Читаме Современи Македонски Автори ќе биде и Разговорот со авторката, закажан на 4 декември 2024 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …