Стенд ап на Игор Стојанов-Баркли во Скопје

Со своето, веќе проверено, целовечено шоу „Мојот живот не е прича тажна“, Баркли ветува загарантирана забава и воспалени стомачни мускули.

Настанот ќе се случи на 6 јуни, со почеток во 21 часот во МАККА бар во Скопје. Сите заинтересирани, можат да го потврдат своето присуство преку резервација на телефонскиот број: 070/317-082.


Влезот е 200 денари а добивате смеење во вредност од 500.

Игор Стојанов-Баркли е млад, ведар и талентиран човек чија цел во животот е да изнуди што е можно повеќе насмевки од луѓето.Со пишување авторски хумористични содржини почнува да се бави уште од најраното детство.


Својата стенд ап кариера ја започнува во април 2022 година со својот настап во Битеф Арт Кафе во Белград а потоа следуваат низа успешни настапи во Скопје и другите градови низ Македонија.

Баркли е познат во јавноста и како дел од сатирично-хумористичната емисија „Зевзекамнија“ која долги години е омилена кај македонската публика.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Годишен концерт на Културно уметничкото друштво Таше Милошевски

Во Спортската сала во Ресен, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе може да уживате …