Стенд-ап дуел на годината: Марјан Георгиевски против Бојан Велевски на 14 февруари во МНТ – Трифун или пак Валентајн?

На 14 февруари, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на единствениот стенд-ап спектакл што ветува смеење до солзи! Две тотално спротивни енергии, симболично претставени преку вечната битка помеѓу љубовта и виното, ќе се судрат на сцената во МНТ – „Трифун vs. Валентајн”, каде што познатите комичари Марјан Георгиевски и Бојан Велевски ќе ги одмеруваат своите хумористични сили.

Дали сте тим љубов или пак тим вино? Без разлика кој празник го славите, вечерта на 14 февруари е резервирана за забава, сарказам и урнебесна комедија. Марјан Георгиевски, како вистински застапник на „македонската реалност”, ќе се појави во улогата на Трифун, нудејќи бескомпромисен хумор инспириран од македонското секојдневие, љубовта кон виното и традицијата. Од другата страна, шармантниот и духовит Бојан Велевски ќе го претстави ликот на Валентајн, кој ќе ги брани љубовните идеали со доза на иронија, романтика и духовити совети за врски.


„Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот меѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта”, велат комичарите, најавувајќи незаборавна вечер исполнета со многу смеа и забава.

Двајца комичари. Две спротивставени идеологии и само еден победник – ПУБЛИКАТА!


Секогаш постои дилема: дали 14 февруари е ден за прославување на љубовта, или ден за наздравување со чаша црвено вино во рака? Без разлика на одговорот, едно е сигурно – вечерта ќе биде исполнета со многу смеа, позитивна енергија и незаборавни моменти.

Интересот е огромен, а местата се ограничени – затоа не чекајте до последен момент! Ова е шанса да ја прославите љубовта (или виното) на сосема поинаков начин!


Ако сакате да бидете дел од најсмешната стенд-ап ноќ во Македонија веднаш обезбедете ја вашата влезница преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5638

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков

Ѓоко Зајков е роден на 10 февруари 1995 година во Скопје. Тој е македонски фудбалер, …