„Статуафест“ годинава ќе се одржи на 14 и 15 септември на улицата Македонија од 18 часот до полноќ.
Она што го прави овој фестивал поинаков од другите е неговиот формат, односно живите статуи што ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на овој град, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Исто така, оваа година на овој фестивал ќе учествуваат и артисти од Македонија.
„Повеќе од десет години работиме како улични живи статуи, работиме под маски, под разни костими, кои карактеризираат нешто конкретно, направени автентично за да ја раскажат нашата приказна, која, покрај тоа што го забавува народот по улиците, цели и кон тоа да биде дежурното око на социјалното живеење и да ја демонстрира потребата за подобар живот. За сите“, велат од продукцијата „Театроск“.
Освен живите статуи, ќе има диџеј-сетови и музички бендови.
„Статуафест“ на 14. и 15. септември на улицата „Македонија“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.