Среќен роденден Сашо Мацановски – Трендо!

Сашо Мацановски – Трендо е роден во Скопје на 7 јули 1967 година.Тој е познат македонски автор, новинар и телевизиски водител.

Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот по социологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.


Работел како уредник на вести во телевизиите Сител и Канал 5. Заедно со Логин Кочишки во периодот 1995-1998 ја создал емисијата „Балкан Експрес“ на ТВ Сител, која продолжила под името „Валкан експрес“ (1998-2000) на Канал 5.

Од 2000-2004 година објавувал неделни колумни во додатокот „Антена“ на дневниот весник „Дневник“ и во неделникот „Фокус“. Тие се објавени на 680 страници во збирката „Трендоленд: слободна територија“ од издавачката куќа Табернакул во 2011 година. Напишани низ критичка и сатирична призма, колумните претставуваат неофицијална хроника на едно турбулентно време во историјата на Македонија.


Од 2000 до 2012 го водел мрежното место on.net.mk, еден од првите интернет портали во Македонија. Основач или творец е на уште неколку дигитални сервиси: дигиталната телевизија БумТВ, блог платформата Блогерај, интернет порталот за телевиско емитување Зулу, а кратко време бил и директор на маркетинг во компанијата на операторот ОНЕ.

Познат е и како неколкугодишен водител на македонската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“ (2004-2009). Поради водењето на квизот, тој ја добил Наградата за најдобар телевизиски водител за 2010 година при Златната бубамара на популарноста.


Во март 2012 година, го основал порталот офф.нет.мк.

Среќен роденден Трендо ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„4-те коњаници на апокалипсата“- Истражувањето на познат психолог покажало: Овие четири однесувања во бракот доведуваат до развод

Познатиот психолог и брачен советник Џон Готман спровел статистичка анкета за бракови и разводи во …