Македонскиот поп пејач Мартин Вучиќ е роден во Скопје на 7 август 1982 година. Основно училиште завршил во родното Скопје, а со музика се занимава од детството. На тапани почнал да свири на три години, а до седум години настапувал на детски фестивали.
Во 2002 година го освои второто место на фестивалот „Охрид фест“ со песната „Рано ми е да се врзам“, која беше прогласена и за песна на годината. На фестивалот во Будва во 2002 година ја доби наградата што ја доделуваат новинарите и критичарите. Мартин ја доби наградата за Откритие на годината 2002 во Македонија, добивајќи договор за албум со BKSound. Добитник е на наградата за најдобра интерпретација на фестивалот Макфест за песната „Харем“. Беше Пејач на годината 2004 во Македонија. Вучиќ е избран за ексклузивна ѕвезда на Сити рекордс. Тој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2005 година во Киев, каде што го освои 15-то место со песната „Ти си сон“.
Во 2008 година издава инструментален албум со музика за традиционално оро компонирана од неговиот дедо Пеце Атанасовски.
Магистрирал музички уметности и работи како доцент на Музичката академија. Работел во Македонската филхармонија и е член на Биг бенд-от на Македонската радио телевизија.
Во 2018 година стана генерален директор на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.
Среќен роденден Мартин ти посакува редакцијата на Екран.