Јана Бурческа e родена на 6 јули 1993 година во Скопје. Таа е позната македонска поп пејачка и водителка. Јана ја претставуваше Македонија на Евровизија 2017 во Украина, со песната „Dance Alone“. Бурческа за првпат стана позната во 2011 година, откако се натпреваруваше во шоуто Македонскиот идол.
Бурческа во 2011 година се натпреваруваше во шоуто Македонски идол, каде го освои петтото место. На 21 ноември 2016 година, Македонската радио телевизија објави дека пејачката ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија 2017 година, со песната „Dance Alone“. Таа учествуваше во второто полуфинале на натпреварот на 11 мај 2017 година, но не успеа да се квалификува во финалето, пласирајќи се на 15-тото место со 69 поени. Во нејзината евровизиска разгледница, емитувана пред нејзиниот настап, таа ја објави својата бременост. Подоцна истата вечер, кога водителот Тимур Мирошниченко ја интервјуираше, нејзиното момче Александар ја запроси и таа прифати. Ова стана насловна вест ширум светот.
Среќен роденден Јана, ти посакува редакцијата на Екран.