Среќен роденден Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски е роден на 17 октомври 1983 година во Струга. Тој е познат македонски пејач и текстописец.

Победник е на регионалното шоу X Factor Adria и победник на Скопски Фестивал на кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2015. На свои 7 години заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа. Најголем успех има има постигнато во регионалното шоу X Factor Adria. Во 2009 година, за првпат настапува во Македонија, на Охрид Фест со неговата сопствено искомпонирана и напишана песна ’’Нежна ко принцеза’’. Исто така Даниел има учествувано и во Бугарско шоу, “Пеј С’мен“.


Неговите најголеми идоли се нашиот легендарен Тоше Проески, Џастин Тимберлејк, Бруно Марс и Крис Браун. Приватно слушал hip-hop и RnB. Една од неговите авторски песни е ’’Више се не врачаш’’ која ја напишал на англиски јазик, но подоцна ја превеле на српски и таа песна е изведена од страна на Каролина Гочева. На аудицијата на X Factor Adria го има пријавено еден од неговите најдобри другари од Македонија, Антонио Павловски. Една од неговите најомилени книги е ’’Најголемиот трговец во светот’’, а омилен филм му е “Аватар’’. Во раните негови години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски којшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично и уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент. Неговиот ментор во шоуто ’’Икс фактор’’ е добро познатиот Жељко Јоксимовиќ. Судиите во шоуто, секогаш имаат добри коментари за него, т.е. секогаш се воодушевени од талентот на нашиот Даниел. Кристина Ковач, една од судиите, уште на првата аудиција рече дека мисли дека Даниел Кајмакоски е потенцијалниот победник на ова популарно музичко шоу. Првата официјална награда за ’’Откритие на годината’’ ја доби на 19.02.2014 на ’’Златна бубамара на популарноста’.

Беше претставник на Македонија во Виена, Австрија за натпреварот за избор на песна за Евровизија 2015 со песната Лисја Есенски по победата на Скопскиот Фестивал 2014.


На 22 мај 2016,тој победи на третата сезона на познатото балканско шоу Твое лице звучи познато.

Среќен роденден Даниел ти посакува редакцијата на Екран, а вие слушнете ја „Autumn Leaves“ песната со која не претставуваше на Евровизија во 2015 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …