Среќен роденден Александра Пилева !!!

Александра Пилева Чадиева е родена на 10 јуни 1980 година во Неготино. Таа е позната македонска пејачка на поп и рок-музика.

Нејзиниот прв настап бил во 1998 на Макфест со песната “Ти си тој”. Во 2000 таа започнала да настапува во Скопје, во соработка со групата “Session Selection”, со која изведувале рок песни во клубови. Заедно со овој бенд таа настапила на Макфест 2000, пеејќи ја нејзината автоска песна “Искривени слики”.


Со полни 22 години била најстарата финалистка на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди. На големото финале на манифестацијата, ја извела темата Ангел мој, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) – Александар Ристовски – Принц (текст). Нејзината песна била наградена со една од две специјални награди.

Во 2004, на музичкиот фестивал Макфест, настапила со песната “Нема Утеха” и ги добила наградите Гран При, прво место од публиката и награда за најдобар глас од акредитираните новинари. Во 2005, Пилева била избрана како еден од шест кандидати за претставници на Македонија на Евровизија. Откако таа го поминала полуфиналето, во финалето се натпреварувала против Мартин Вучиќ, каде што извела четири композиции, од кои на крај ја извела “Сонце и месечина”, и победила со телефонските гласови, но Вучиќ освоил повеќе бодови од жирито и публиката со што бил избран за претставник. После ова, таа го издала својот албум Сонце и месечина.


Во 2006 настапила повторно на Макфест, и ја освоила втората награда од публиката и награда за најдобар гласовен перформанс од акредитираните новинари, со песната “Сребрени војници”. Таа година настапила и на меѓународниот фестивал во Будва, Црна Гора, со песната “Сонце и месечина”.

Во 2007 за прв пат ја напишала нејзината песна “Летај со мене” од албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”, кој бил во калифорниски стил. Оваа песна доживеала огромен успех листата Адриа Топ 20 на музичкиот канал MTV каде неколку недели се задржала на второто место. После тоа, една од најпопуларните песни во 2007, “Песна за Македонија” и нејзините други синглови го претставиле албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”. Албумот бил издаден во 2008, а Александра за дел од песните ги напишала музиката и текстовите.


Во 2011, таа го отворила својот рок клуб бар Лед Цепелин во Скопје, во кој гостувале едни од најдобрите рок бендови од Македонија. Во 2012, Пилева настапила на Охрид 2012 фестивал под 21 Охридско културно лето и добила награда за најдобар настап со песната “Дали после се ме губиш.” Со цел враќање на некогашниот квалитет на Скопје Фест, Пилева била специјална гостинка и настапила со песната “Имам јас се”.

Среќен роденден Александра ти посакува редакцијата на Екран.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …