*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Се’ ќе им успева
Астролозите предвидуваат дека ѕвездите во следните две години ќе бидат многу поволни за Биковите, Лавовите и Девиците, па искористете ги животните можности на вистински начин!
Бик
Биковите ќе имаат најмногу успех на љубовен план. Осамените срца ќе сретнат личност која ќе им го разбуди интересот и искреното задоволство, а наскоро ќе се испостави дека тоа е личноста со која ќе сакаат да го поминат остатокот од животот. Тоа не значи дека оние кои се во врска не чекаат нешто убаво – нивниот љубовен живот ќе биде полн со хармонија и љубов. Ќе влезат во период во кој ќе преовладува нова енергија на посветеност, блискост и мир. И вашиот деловен живот ќе биде послан со цвеќиња, бидејќи следните две години се идеално време да го започнете бизнисот за кој долго сте размислувале.