Новото истражување покажало дека последиците од само една ноќ лош сон можат да траат подолго отколку што мислевме и сериозно да го нарушат нашето здравје.
Лонгитудното истражување, кое траело 133 дена, открило дека недостатокот на сон може да има трајни ефекти врз меморијата, вниманието и фокусот. Во основа, се чини дека има доцнење на ефектите од лошиот сон, што значи дека негативните ефекти ни се „се прикрадуваат“.
Имено, фокусот има тенденција да биде нарушен во првите седум дена по лошиот сон, што авторите и истражувањето го нарекле прв бран. Вториот бран, кој се јавува седум до 15 дена по лошиот сон, ја нарушува способноста за паметење и одржување на вниманието.
„Секој ден се будиме како малку поинаква личност, бидејќи нашите ментални состојби се под влијание на бројни надворешни фактори. Квалитетот на спиењето, физичката активност и природата на нашите социјални интеракции влијаат на состојбата на нашиот мозок во различни временски периоди“, изјавиле авторите.
Факторите на однесувањето, психолошките и начинот на живот се поврзани со мозокот во различни временски периоди, и краткорочни – помалку од седум дена, и долгорочни – до две недели.
Авторите забележале дека чувствителноста на губење на сонот варира од личност до личност и дека женските хормони за време на менструалниот циклус исто така може да играат фактор во овие задоцнувања, така што некои поединци може да доживеат зголемени ефекти во различни точки во периодот од 15 дена.
Фото: Архива
ekran платформа за слободоумни