Како и што доликува, МРТ спотот на „Ај Кју“, македонскиот претставник на „Песна на Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија, ќе го претстави на 11. март во централниот дневник…
Бојан и Марија од „Ај Кју“, кои се македонски евровизиски претставници, беа во Лисабон. Тие таму ја снимаа својата евровизиска видео-разгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија. Затоа сите избрани претставници беа во Португалија и ги снимаа промо-видеата.
Според најавите од МРТ, песната „Lost and Found“ што „Ај Кју“ ќе ја пеат во Лисабон, ќе биде промовирана на 11. март во централниот дневник.
„Спотот на „Ај Кју“, македонскиот претставник на „Песна на Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија, со темата „Lost and Found“ ќе биде претставен на 11. март во централниот дневник…ни рече Мери Попова, шефица на делегацијата.
Тоа пак значи дека МРТ ги има сите ексклузивни информации и права околу продукцијата како и спотот а се’ ќе биде соопштено на 11. март во централниот дневник на МРТ.
Спотот на „Ај Кју“ ќе биде претставен на 11. март во централниот дневник на МРТ!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.