Споменар: 20 кратки и интересни одговори на Антони Анев, вокал на „Преку Ред“

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Денес прочитајте го споменарот на Антони Анев, вокалот и лидер на рок групата „Преку Ред“


– Во колку часот се будиш?

  •  Во 7 саат, со прекрасните звуци на косилки за трева и луѓе без осет.

– Кој ти е прекар?


  • Немам прекар.

– Што си во хороскоп?

  • Лав.

– Кој ти е омилен пијалак?


  • Нешто богато со витамини и минерали. Никогаш немам пробано алкохол.

– Која ти е омилена боја?

  • Плава, црна, шатирана, прамени… било која, битно убаво да и’ стои

– Кое ти е омилено јадење?

  • Откако почнав да живеам сам, сакал-нејќел, јајца.

– Која ти е омилена книга?

  • ,,Будење’’ од Антони Де Мело и ,,Алхемичарот’’ од Пауло Коелјо.

– Кој ти е омилен филм/серија?

  • Не гледам многу филмови во последно време. Како помал ми беа омилени Life of Brian и Amadeus, а од поновите Babylon, многу долго трае според мој вкус, ама има што да каже.

– Кој ти е омилен спорт?

  • Можам било кого да победам во тенис, кој сака, слободно.

– Што знаеш најубаво да зготвиш?

  • Работев како шанкер и правам коктели и кафиња, ако се важи тоа. Ако не, ништо.

– Кое е твоето омилено годишно време?

  • Лето.

– Со кого сакаш да снимиш дует?

  • Со Војко В.

– Која е твоја најдобра и најлоша особина?

  • – После темелна интроспекција, мислам дека сите особини што ги имам се најдобри. Ако прашате било кој од луѓето што ми се блиски, сигурно ќе кажат дека сум мрзлив, ама тоа е нивна погрешна перцепција… кој да се докажува.

– Која е твоја омилена македонска песна?

  • My Tear – Човек Од Стакло.

– Омилен пејач/ка, група (македонски)?

  • Морал, Суперхикс и 21 Век омилени групи и Владо Јаневски омилен пејач и автор.

– Како се викаше првата ваша девојка/дечко?

  • Имав 9 години и се викаше ,,Не ја знаеш од кај баба ми е’’.

– Со кого го пиеш утринското кафе?

  • Не пијам кафе, а денот сакам да го почнам со некој што не збори многу, на пример Никола или Христијан. Среќа што Рас се буди во 2 и имам време да се спремам психички, затоа што кога ќе стане има многу енергија и одма сака нешто да ми каже или некаде да одиме.

– Кој е твојот омилен музички македонски албум?

  • Леб И Сол – Као Какао.

– Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

  • Никола Ристановски и Сашко Коцев. И од новата генерација Гоце Андонов и Антонио Ташковски, кои мислам дека за кратко време ќе бидат омилени актери на многу луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

По седми пат ќе се одржи манифестацијата „Убави сме, свои сме”

Денес во НУЦК ” Антон Панов ” во Струмица, со почеток во 19:00 часот, по …