Ви го пренесуваме рецептот за најбрзиот начин на подготовка на мафини. Ова ќе стане вашиот единствен начин на подготовка од сега па натаму.
Мафините се десерт кое е вистинско уживање, а она што ги прави особено привлечни е нивната едноставност и можност да ги прилагодите на вашиот вкус, а секогаш излегуваат многу вкусни. Без разлика дали сакате нешто слатко за ужина, десерт со вашето кафе или брзо уживање за ненадејните гости, мафините се идеален избор.
Исто така, тие можат да бидат богати со различни додатоци како што се овошје, чоколадо, јаткасти плодови или, во овој случај, чоколадо и какао. Овој рецепт е совршен за сите кои сакаат брза подготовка а максимално уживање.
Состојки:
3 јајца
чаша (200 мл) јогурт
⅔ чаша масло
чаша шеќер
2 лажици какао
2 чаши брашно
прашок за пециво (10 г)
50-100 гр чоколадо (по желба можете да користите темно, млечно или комбинирано)
Подготовка:
Скршете ги јајцата во поголем сад и додајте јогурт, масло и шеќер. Сè убаво изматете додека не се соединат состојките. По желба можете да користите миксер за побрзо мешање. Во добиената смеса постепено додавајте брашно, прашок за пециво и какао. Мешајте додека не добиете мазна и еднолична смеса, без грутки. Чоколадото исечкајте го на помали парчиња (или користете вооблик на „солзи“) и додадете го во смесата. Нежно промешајте за рамномерно да се распореди чоколадото.
Калапот за мафини обложете го со хартиени корпи или намачкајте го со путер. Истурете од смесата во секој калап, полнејќи го до две третини, за мафините да имаат простор да нараснат. Печете ги мафините во загреана рерна на 180°C околу 20-25 минути или додека не добијат златно-кафеава боја. Проверете дали се готови со ставање чепкалка во центарот на еден мафин, ако излезе чиста, мафините се готови.
Откако ќе се испечат, оставете ги мафините да се изладат неколку минути, а потоа извадете ги од калапот и послужете ги. По желба можете да ги посипете со шеќер во прав или да ги премачкате со чоколаден прелив, или да ги оставите како што се.
Фото: Архива