Совети на стручњаци -Додатоци во исхраната кои можат да го подобрат здравјето и виталноста на вашиот мозок

Здравјето на мозокот е критично за одржување на меморијата и когнитивната функција. Многу луѓе може да доживеат „мозочна магла“, или чувство на ментален замор, збунетост или недостаток на јасност.
Оваа состојба може да биде предизвикана од стрес, лоша исхрана или недостаток на сон. Еден едноставен начин за борба против мозочната магла е да земате додатоци во исхраната. Со вклучување на вистинските суплементи, урамнотежена исхрана и здрав начин на живот, лесно се постигнуваат ментална јасност и виталност.
Нутриционистот Крутика Нанавати објаснила кои два додатоци во исхраната придонесуваат за подобра концентрација и оптимално здравје на мозокот.


Имено, како што тврди таа, омега-3 масните киселини се клучни за здравјето на мозокот бидејќи ја подобруваат когнитивната функција, меморијата и фокусот кај постарите возрасни лица.
Овие масни киселини се наоѓаат во масните риби или во капсулите со рибино масло и се многу важни за одржување на оптималната функција на мозокот. Додавањето омега-3 во вашата дневна рутина може да помогне да се намали маглата во мозокот и да се поддржи вашето појасно размислување.


Витаминот Б, особено Б6, Б9 и Б12, е многу важен во регулирањето на хомоцистеинот, според Нананвати. Зголемените нивоа на хомоцистеин се поврзани со когнитивниот пад и атрофија на мозокот, а доволен внес на овие витамини може да ја подобри концентрацијата и нивото на енергија.
Обезбедувањето адекватен внес на витамини од групата Б може да игра клучна улога во здравјето на мозокот. Иако додатоците во исхраната се многу корисни, важно е да бидете внимателни при нивното користење и да се консултирате со лекар.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …