Кога се во прашање нашите пријатели, лесно можеме да забележиме дали нивниот нов партнер е вистинската личност за нив. Сепак, не е така лесно кога треба сами да одлучуваме.
Советничката за врски Лорна Пул открила дека е многу полесно отколку што мислиме и дека најдобро ќе видиме кога ќе сфатиме што сакаме во врската.
Знајте што сакате во врската
За жал, повеќето од нас не одвојуваат време да размислуваат смирено за тоа што сакаме во врската. Најчесто, чекаме љубовта да се случи. Од друга страна, успешните луѓе знаат дека сами си го создаваат животот и не го оставаат на случајноста.
Знаењето што сакате ви овозможува да направите паметни избори додека доживувате нови емоции. Може да ве држи приземјени кога донесувањето одлуки станува тешко. На тој начин имате моќ да кажете „не“ на она што не ви се допаѓа.
Проверете ги вашите чувства
Првиот бакнеж со нов партнер може да биде возбудлив и збунувачки. Секој пат кога ќе запознаете нов маж, треба да застанете и да си ги поставите овие четири важни прашања:
„Како ме прави да се чувствувам?“, „Дали се чувствувам како подобра верзија од себе во негово друштво?“, „Дали можам да бидам целосно своја?“, „Дали ме привлекува?“. Ако вашите одговори се „добри“ и „да“, вие сте на вистинскиот пат.
Препуштете се на исходот
Жените генерално размислуваат премногу, особено кога се во прашање љубовните врски. Најчесто сакаат веднаш да го дознаат статусот на врската, односно дали се важни за нивните потенцијални или сегашни партнери. Но, ако се заинтересирани, мажите многу брзо ги откриваат своите чувства кон нас. Можеби нема да го вербализира тоа, но нивните постапки наскоро ќе ги откријат неговите вистински чувства.
Затоа, Пул советува да се откажете од исходот и да си дозволите да излезете од главата и само да бидете присутни во моментот. Сè што треба да направите е да продолжите со вашиот напорен живот. Ако ви се јави маж, одговорете. Ако прати порака, одговорете. Ако ве замоли да излезете, кажете „да“.
Фото: Архива