Добриот сон е исклучително важен, но многумина имаат проблеми со спиењето, што може многу да го наруши квалитетот на нивниот живот.
Експертите откриле дека има нешто што дефинитивно не треба да го правите ако се разбудите среде ноќ.
Д-р Фиона Барвик од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд објаснила за Self: „Размислувањето за фактот дека не спиете може да ви го разбуди умот и да ве направи поанксиозни. Подобар потег да сеприфати својата ситуација, не се спротивставувајте набудноста и пронајдете алтернативен фокус“.
Неколку експерти за спиење понудиле други совети кои можат да ви помогнат повторно да заспиете.
Експертот за спиење Луис Ф. Буенавер тврди: „Важно е да не останете во кревет“.
„Тоа вашиот мозок и тело ќе ги доведе до тоа да го поврзат вашиот кревет со будност наместо со сон. Може да биде тешко да оставите топол, пријатен кревет откако ќе се разбудите во средината на ноќта, но сметајте го тоа како инвестиција за подобар сон – ако не вечерва, потоа утре и во иднина“, изјавил тој за John Hopkins Medicine.
Фото: Архива