Сопругата на популарниот турски актер му го честита неговиот 50-ти роденден

На 18-ти јуни 2024 година, Кенан Имирзалиоглу, еден од најпознатите турски актери, познат по улогата во серијата „Освојувачот Мехмет” на Дизи, го прослави својот 50-ти роденден. Неговата сопруга, Синем Кобал, му честиташе на социјалните мрежи со слика и емотивна порака: “Среќен роденден, љубов моја”. Шармантниот актер доби многу роденденски честитки од своите фанови во коментарите, што ја покажува неговата голема популарност.

Кенан Имирзалиоглу е роден во Анкара на 18-ти јуни 1974 година каде завршил и основно и средно училиште. Подоцна се преселил во Истанбул каде студирал математика на Универзитетот Yıldız Technical. Згодниот турчин го привлекол вниманието на телевизиските продуценти и му било понудено да стане актер откако ја освоил титулата за најдобар модел на светот. Oсман Синав, познат турски режисер, по тоа го избра Кенан да ја игра улогата на Јусуф Мироглу во серијата Deli Yürek, што беше пресуден момент во професионалната кариера на Кенан. Сите негови улоги му донесоа значителен успех, но еден од најзабележливите му беше во турската серија ,,Освојувачот Мехмет”.


Тој ја одигра важната улога на Мехмет II, познат и како Мехмет Освојувачот, во турската историска драмска серија ,,Освојувачот Мехмет”. Преку неговата интерпретација, серијата ги прикажува животот и владеењето на овој владетел, чии стратегии и воени успеси оставиле длабок отпечаток во историјата. Преку серијата се прикажува освојувањето на Константинопол во 15-ти век, што означува значаен момент во историјата. ,,Освојувачот Мехмет“ се враќа на Dizi од 3 јули во 20:00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …