Со вечерашната изведба на претставата „Вујко Вања“ се одбележува 55 години актерска дејност на актерката Тинка Ристевска

Вечерва во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Дејан Ангелов.

Актерската екипа ја сочинуваат Васил Михаил, Стојан Велков-Трн, Кољо Черкезов, Васка Ангелова, Анкица Бенинова, Оливера Аризанова, Коста Ангов и Тинка Ристеска.


Сценографијата е на Никола Пијанманов, костимографијата на Ванчо Василев, а музиката на Ставро Ангелаков.

Со оваа изведба се одбележува 55 години актерска дејност на актерката Тинка Ристевска, која настапува во улогата на Марина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …