Со „Стела“ и анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик започна 3. фестивал „Преку езерото“ во Дојран. Најмладата публика уживаше, а имаа можност одблиску да го запознаат Столе Вујичиќ, режисерот на „Стела“ и да прашаат сè за првиот македонски ЕКО филм.
Претходно, во Музејот на Град Дојран се оддржа работилница за филмска писменост со директорот на фестивалот „Преку езерото“, Јани Бојаџи, режисерот на „Стела“, Столе Вујичиќ и претседателот на Советот на фестивалот Мими Ѓорговска Илиевска.
Официјалното отворање ќе биде на 9 август со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.
Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, ќе понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.
Линк до видео изјава на директорот на филмскиот фестивал „Преку езерото“ Јани Бојаџи:
https://www.facebook.com/acrossthelakefilmfestival/videos/520521073870581
Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран:
Ден први, СРЕДА, 07 Август 2024 година
ДЕЦА НА БРОДОТ
Проекција на филмови за деца и млади
20.00 Часот
Анимирани филмови за деца со синхронизација на македонски јазик
СТЕЛА, 93 минути, Стојан Вујичиќ долгометражен македонски игран филм за млади
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Детски парк, Општина Стар Дојран
Распоред на програмата
Ден втори, ЧЕТВРТОК, 08 Август 2024 година
СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА
Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.
11.00 Часот
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Музеј на Град Дојран
ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ
20.00 Часот
ВИДЕО ОМАЖ ОД ФИЛМОВИ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ
Интервју со Владо Јовановски
Разговори со публиката
ТАТКО, 16 Минути, Светозар Ристовски
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран
Ден трети, ПЕТОК, 09 Август 2024 година